Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез ќе ги пропушти двата натпревари на Аргентина од квалификациите за Светското првенство овој месец.
Мартинез е принуден да излезе од составот поради повреда на коленото.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го повика дефанзивецот на Ленс, Факундо Медина, како замена за Мартинез.
Аргентина на 15 ноември игра со Парагвај на 20 ноември против Перу.
На табелата води Аргентина со 22 бода.