Кристијано Роналдо ќе отпатува во Мадрид за да се подложи на третман за повреда на тетивата на десната нога.
Ова го објави во петок тренерот на Ал Наср, Хорхе Хесус. Роналдо е дел од овој арапски тим.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеКапитенот на Португалија се повреди минатиот викенд во победата од 3-1 над Ал Фаја.
Ал Наср не посочи кога се очекува враќањето на португалската суперѕвезда.
„Во последниот натпревар, Роналдо си замина со повреда на мускулот. По медицинските тестови, стана јасно дека повредата е посериозна отколку што се надевавме. Му треба одмор и закрепнување. Кристијано ќе патува во Шпанија на лекување, исто како и другите играчи кои беа повредени“, рече Хесус.
„Потребен му е третман од неговиот личен физиотерапевт. Се надеваме дека наскоро ќе се врати за да му помогне на тимот.“
41-годишникот се надева дека ќе се опорави за пријателските натпревари на Португалија, кои ќе се одржат подоцна овој месец.