Поранешната ѕвезда на Барселона, Ривалдо ја поддржа ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе во четвртокот. Поддршката на легендата на Барселона доаѓа по постојаните критики на сметка на Французинот од неговата преселба во Шпанија.
Мбапе направи бум со неговиот трансфер во Реал Мадрид летото. Тој се приклучи на тимот од Мадрид откако му истече договорот со шампионот во Лига 1, Пари Сен Жермен.
Францускиот репрезентативец оттогаш постигна осум гола и придонесе со две асистенции на 13 натпревари во сите натпреварувања. Во Шпанија оценуваат дека Мбапе се уште не ги оправдал очекувањата.
Сепак, Ривалдо во четвртокот во интервју за шпанскиот весник „Марка“, во пресрет на првото „Ел-класико“ во сезоната, изјави дека Мбапе ќе испише историја во Реал Мадрид.
„Понекогаш е потребно малку време да се прилагоди. Но, Килијан е одличен играч и сигурно ќе испише историја во Мадрид. Тој е многу добар и веќе постигна неколку голови. Тој сè уште не е Мбапе каков што би посакале сите навивачи, но мора да запомните дека ние сме на почетокот и тој само што пристигна. Тој ќе биде многу важен играч и ќе влезе во историјата на Мадрид“, изјави Ривалдо.
„Ел Класико“ се игра во сабота во Мадрид, додека припаѓа на 11. коло од шпанската Ла Лига. Натпреварот започнува во 21:00 часот.
Барселона е лидер со 27 бодови, додека Реал е на второто место со 24 бодови.