Познатиот дефанзивец Тијаго Силва е пред заминување од бразилскиот тим Флуминенсе. Силва сака да се врати во европскиот фудбал.
Ова го објави експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Според Романо, 41-годишниот Силва сака да биде поблиску до своето семејство кое живее во Лондон.
Бразилецот Силва има договор со Флуминенсе до следното лето.
Тој е дел од Флуминенсес од минатата година кога беше трансфериран како слободен агент.
Искусниот централен бек има богата кариера. Играл за големи тимови како Милан, Пари Сен Жермен и Челзи.
Тој играше за Милан три години, а за Париз осум години. Играше за Челзи четири години.
Со Париз, Силва освои вкупно 24 трофеи. Додека три трофеи освои со Челзи, еден со Милан.