Балканскиот играч за врска Едвин Куч изјави дека е многу возбуден што заминува од тимот со кој ги освои сите трофеи.
Куч кариерата ќе ја продолжи во Нефтчи Баку во Азербејџан.
„Пред седум дена, кога сфатив дека ќе си заминам по сиот успех, бев емотивен. Им благодарам на сите што ме прифатија мене и моето семејство. Му благодарам на претседателот на клубот Арсим Кабаши и неговото семејство. Им благодарам и на стручниот штаб и на соиграчите. Ова заминување дојде во мојот најдобар момент, но фудбалот никогаш не знае. Искрено, имам позитивни чувства за овој клуб. Заедно поминавме низ тешки моменти, но на крајот покажавме карактер. Посакувам само успех за овој тим и град. Тој го заслужува тоа“, изјави по натпреварот капитенот Куч за „ArtMotion“.