Актуелниот шампион на германската Бундес лига, Баер Леверкузен во саботата потврди дека е во резултатска криза.
Леверкузен ремизираше со последнопласираниот Бохум во саботата навечер.
Натпреварот од десеттото коло Бохум – Леверкузен заврши 1:1.
Стрелец за гостите беше Патрик Шик во 18. минута, додека Коџи Мијоши го постави конечниот резултат со голот во 89. минута.
Гранит Џака го комплетираше мечот за Леверкузен, кој во средината на неделата претрпе длабок пораз од 4:0 од Ливерпул во Лигата на шампионите.
Леверкузен има 17 бода на десет натпревари и е на четвртото место.
Долниот Бохум има само два бода.