Манчестер Сити го претрпе и четвртиот последователен пораз во сите натпреварувања.
По поразите од Тотенхем во ЕФЛ купот, Бурнемаут во Премиер лигата и Спортинг во Лигата на шампионите, избраниците на Пеп Гвардиола во саботата беа поразени и од Брајтон со 2:1.
Тоа беше натпревар од 11. коло.
Ова е првпат Сити да загуби четири натпревари по ред во сите натпреварувања под водство на Пеп Гвардиола како менаџер.
Ерлинг Халанд го доведе Сити во водство во 23. минута. Халанд сега има 75 гола на 77 настапи во англиската елита.
Но Брајтон доцна се врати во игра со два гола за да ги заработи целосните бодови.
Стрелец на Жоао Педро во 78. минута, додека Мет О'Рајли во 83. минута.
Брајан Груда играше од 66. минута за Брајтон.
Сити останува на втората позиција со 23 бодови, додека Брајтон има 19 бодови.