Крилниот напаѓач Арбр Хоџа од 82. минута играше за Динамо Загреб кој ремизираше без голови со Селтик.
Натпреварот во вторникот вечерта на стадионот „Максимир“ во Загреб важеше за шестото коло од Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампионат имаше подобри шанси, но не ги реализираше. Од Динамо поради повреда отсуствуваше Аријан Адеми.
Динамо сега има осум бода, додека шкотскиот Селтик има бод повеќе.
Двете екипи ќе бараат пласман во плејофот од Лигата на шампионите во последните две кола.