Холанѓанецот со турско потекло Сердар Гозубјук ќе го суди натпреварот Косово - Исланд.
Првиот натпревар се игра во четврток од 20:45 часот во Приштина за Лига Б од Лигата на нации. Реваншот се игра на 23 март во Мурсија, Шпанија.
39-годишниот Холанѓанец судеше во трите европски натпреварувања на УЕФА, Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Во октомври беше главен судија на натпреварот од Лигата на нации помеѓу Полска и Португалија.