Косовскиот тренер Бесник Хаси од следното издание може да предводи еден од трите големи белгиски клубови. Екипите на Гент, Генк, Антверпен и Клуб Бриж го сакаат Хас за тренер, објави во средата „voetbal24.be“.
Според белгискиот сајт, Хаси ќе разговара со заинтересираните клубови дури откако ќе заврши плеј-офот од белгиското фудбалско првенство.
Тренерот го презеде Мехелен на почетокот од актуелното издание и успешно го одведе во плеј-офот.
„Тренерот моментално разговара со својот тим за иднината. Сепак, има многу добри можности за Хас во претстојната сезона. Голем интерес има од Гент, Генк и Антверпен. Освен нив, тренер за следната сезона бара и Клуб Бриж. Хаси е една од опциите“, пишува белгискиот сајт.
52-годишниот тренер претходно го водеше белгискиот Андерлехт, а работеше и во Легија Варшава, Олимпијакос, Ал-Реади и Ал-Ахли.