Бесник Хаси ќе биде тренер на тимот на Амедспор во турската Супер лига следната сезона.
Веста беше официјализирана во среда навечер.
Хас го напушти Андерлехт и официјално се приклучи на елитниот клуб во Турција.
„Клубот постигна договор со искусниот тренер, Бесник Хаси, за сезоните 2026/27 и 2027/28. Му посакуваме добредојде на тренерот Бесник Хаси во семејството на Амедспор и му посакуваме успех во неговата улога“, напиша клубот во официјалното соопштение.
Хаси ја освои титулата со Андерлехт во сезоната 2013/14 и Белгискиот Суперкуп во сезоната 2014/15.
Тој исто така беше тренер на Легија Варшава, Олимпијакос, Ал Раед, Ал Ахли и Мехелен.