Косовскиот тренер Бесник Хаси е кандидат да го води Антверпен, објавија во вторникот различни медиуми во Белгија.
По добрите резултати со Мехелен, интерес за Хас изразија и другите големи белгиски екипи, Гент, Генк и Клуб Бриж. Но, во Белгија пишуваат дека Антверпен е фаворит за назначување на поранешниот албански фудбалер за шеф на стручниот штаб.
Хаси го презеде Мехелен на почетокот на сезоната и успешно го одведе во плеј-офот.
52-годишниот тренер претходно го водеше белгискиот Андерлехт, а работеше и во Легија Варшава, Олимпијакос, Ал-Реади и Ал-Ахли.