Дефанзивецот на Косово, Флорент Хадерѓонај изјави дека „дарданците“ се во најсилната група од квалификациите за СП 2026 година.
Косово се соочува со Швајцарија, Шведска и Словенија.
Хадерѓонај израснал во Швајцарија и по ждрепката разговарал за Blick.
Се познаваме и против Швајцарија сме непоразени“, изјави 30-годишниот.
„Очигледно е најсилната и најинтересната група во овие квалификации. Шведска има многу квалитет во нападот. Словенија на ЕП покажа колку е компактна како тим. И Словенија има добри играчи поединечно“, додаде Хадерѓонај.
Хадерѓонај истакна дека Косово цели кон победа над Швајцарија.
„Стадионот во Приштина, ист како и во Швајцарија, ќе биде полн. Очигледно, тоа ќе биде тешка задача за нас, но сакаме да постигнеме нешто историско. Мислиме дека имаме шанса да одиме на Мундијалот и дефинитивно ќе дадеме се што имаме“.