Ерлинг Халанд му обезбеди победа на репрезентативецот на Норвешка. Норвежаните победија со 2:1 во понеделникот со голот во 80. минута кој го постигна суперѕвездата на Манчестер Сити. Натпреварот одигран во понеделникот вечерта беше во групата 3 од Лигата Б од Лигата на нации.
За Норвешка, Феликс Хорн Михре го постигна првиот гол во 9. минута, додека Марсел Сабицер израмни на 1:1 во 37. минута. Но, на десет минути пред крајот на средбата Халанд го постигна победничкиот гол за Норвешка за 2:1. Норвешка е на второто место со четири бода, додека Австрија останува со еден бод.