Репрезентацијата на Исланд смета дека постигнатиот резултат на првиот меч против Косово е реверзибилен.
Косово го доби првиот натпревар од плејофот против Исланд во четвртокот со резултат 2:1 на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.
Реваншот против Исланд „Дарданците“ го играат во Мурсија, Шпанија, в недела од 18 часот.
Натпреварот се игра на неутрален терен, бидејќи Исланд нема подготвен стадион.
Фудбалскиот селектор на Исланд, Арнар Гунлаугсон во саботата вечерта на прес-конференција изјави дека резултатот 2:1 не е крај на светот и дека е реверзибилен.
Тој понатаму нагласи дека целта на Исланд е да остане во Лигата Б од Лигата на нации.
"Последните неколку дена се работеше за да се подобрат грешките од првиот натпревар. Беше прилично добар настап на тежок терен. Резултатот 2:1 не е крај на светот и затоа имаме добри шанси да го задржиме местото во Лигата Б", изјави Гунлаугсон.
Исланд беше во Лигата Б и бара да остане во втората лига на Лигата на нации. Косово беше во Лигата Ц и бара првпат да се натпреварува во Лигата Б, во следното издание на Лигата на нации.
Репрезентацијата на Косово има важни отсуства за реваншот.
Поради повреда ќе отсуствуваат Аријанет Муриќ и Донат Рудани.
Ваљон Бериша е суспендиран.