KOHA.net

фудбал

Ѓулер го задржува Реал во трката за титулата

Реал Мадрид

Фото: Асошиетед прес

Голот на Арда Гулер беше доволен Реал Мадрид да ја продолжи трката за шампионската титула во Шпанија.

Ѓулер го постигна единствениот гол за Реал на натпреварот кој го добија против Хетафе во средата навечер.

Ѓулер погоди во 21. минута за да му обезбеди победа на Реал во 33. коло од шпанската Ла Лига.

Реал Мадрид е на второто место со 72 бода. Заостанува четири бода зад лидерот Барселона.

Хетафе е на 12. место со 39 бодови. 

Остануваат уште пет натпревари до крајот на првенството.