Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола истакна дека нема да води друг тим по заминувањето од Манчестер Сити.
На прес-конференцијата одржана во вторникот, Гвардиола ја остави отворена можноста во иднина да води репрезентативен тим.
„Нема да водам ниту еден друг клуб по Манчестер Сити. Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го направам е да заминам во друга земја да ја работам истата работа. Во иднина можеби ќе можам да раководам со репрезентација, но ова е поинаку“, изјави Гвардиола, пишува во вторникот „Дејли пост“.
53-годишниот Гвардиола пред една недела го продолжи договорот со Сити на уште две години. Гвардиола го водеше Сити од 2016 година. Тој ги водеше и Баерн и Барселона.
Шпанецот со Сити има освоено 19 трофеи.