Погодокот од пенал во 99. минута на Доминик Шбошлаи и донесе бод на Унгарија против Германија.
Натпреварот во вторникот вечерта, одржан во Будимпешта, заврши 1:1.
Германија поведе во 76. минута кога погоди Феликс Нмеча. Но, Унгарците не се предадоа и го најдоа голот доцна во дополнителните минути.
Германија претходно го обезбеди првото место во групата А3 од Лигата на нации. Холандија заврши на второто место со девет бодови, додека Унгарија е третопласирана со шест. Босна и Херцеговина остана последна со два бода и испаѓа во Лига Б.
Слични статии