Тој работи индивидуално со тренерот за рехабилитација Симон Мартинело од повредата што ја заработи во јули. Но, „Билд“ објави дека Ибрахимовиќ бил принуден да прекине со тренинзите поради уште една повреда.
По неколку спринтови, Ибра почувствува болка во бутот и престана да трча. Оттогаш има направено само неколку лесни трчања.
Според „Билд“, на Ибрахимовиќ му претстои долг пат пред да се врати во игра. Тој ќе биде надвор од терените барем уште неколку недели.
По враќањето, Косовецот се очекува да се бори за место во тимот на баварскиот гигант.