Еду Гаспар размислува да ја напушти функцијата спортски директор во Арсенал, пренесува во понеделник „Скај Спортс“. Гаспар беше назначен за технички директор на англискиот клуб на 9 јули 2019 година, а спортски директор на 18 ноември 2022 година.
Се дознава дека во просториите на тимот на Арсенал се очајни за одлуката која се очекува Гаспер да ја донесе многу брзо.
Бразилецот Гаспар одигра важна улога во трансферот на неколку фудбалери во Арсенал како Мартин Одегард, Деклан Рајс, Вилијам Салиба и Каи Хаверц.
46-годишниот Гаспар играше и како фудбалер за Арсенал од 2002 до 2005. Со Арсенал освои шест трофеи како фудбалер.