Дефанзивецот на Приштина, Дион Галапени изјави дека го остварил својот сон по првиот настап со дресот на Косово. Галапен влезе во игра во 87. минута од натпреварот против Исланд во реваншот од плеј-офот во Лигата на нации Б.
Косово победи со 3:1 и следната сезона ќе се појави во Лигата Б.
„Ова е остварување на сонот. Ова беше уште повредно, откако се преселивме во Лигата Б. Очекувам и сакам да бидам дел од Косово во иднина. Се надеваме дека ќе постигнеме нешто големо со репрезентацијата“, изјави Галапени.
