Галатасарај забележа минимални, но многу важни победи во трката за титулата шампион во Турција.
Галата на домашен терен го совлада Хатајспор со резултат 1:0. Натпреварот се одигра во вторникот и одговараше на 31-та недела од турската Суперлига. Стрелец на единствениот гол беше Мауро Икарди.
Тој погоди во 12. минута на асистенција на Дрис Мертенс. На Хатиспор му беше поништен гол во 58. минута. Галатасарај се засили на првото место со 84 бодови. Второпласиран е Фенербахче кој има натпревар помалку со 79 бодови.