Грчкиот дефанзивец Џорџ Балдок во средата вечерта беше пронајден мртов во базенот на неговиот дом во Глифада, во близина на Атина.
Причините за смртта засега остануваат непознати, јавуваат грчките медиуми. Полицијата ја продолжува истрагата.
31-годишниот е роден во Англија, додека во Панатинаикос беше од летото. За Грција има одиграно 12 натпревари од 2022 година наваму.
Има играно за многу англиски тимови, а последен пат во Шефилд Јунајтед. Претходно не беше објавено дека Болдок имал здравствени проблеми. Грчко државјанство добил врз основа на неговата баба.
Редовно играше во Панатинаикос.