Група романски војници, кои служат во КФОР на Косово, во четвртокот вечерта ги посетија романските фудбалери во нивниот хотел во Приштина.
Косово и Романија вечерва се соочуваат.
Според „gsp.ro“, средбата меѓу играчите и војниците траела околу половина час. Фудбалерите на Романија дадоа многу автограми и се фотографираа. На состанокот бил дури и 79-годишниот тренер Мирчеа Луческу. Но, тој замина побрзо.
„Беше емотивна средба и им благодариме на момците и на тренерот што најдоа време за оваа средба. Разменивме зборови, беа многу достапни за автограми и фотографии. Добив неколку потписи на топката за мојот син, кој е играч на Дацо-Гетица. Му ги испратив сликите и мислам дека нема да спие вечерва од радост. Ќе ги поддржиме од нашата база и ќе бидеме толку гласни што ќе се слуша се до стадионот“, изјави Виорел Констанцин, еден од романските војници.