Селекторот Франко Фода смета дека квалификациската група Б за СП 2026 година е проодна за Косово.
Косово е во група со Швајцарија, Шведска и Словенија, противници со кои нема позитивен биланс.
Со Швајцарија има три нерешени резултати, додека со Шведска и Словенија има само порази.
„Тоа е тешка, но многу избалансирана група. Предноста е што не мора да патуваме далеку и сега ќе се занимаваме многу интензивно и конкретно со противниците. Во оваа група се е можно“, изјави селекторот Фода за квалификациската група Б за СП.