Саботната победа не беше доволна за Баерн да ја прослави титулата во Бундеслигата. Забавата на Баерн е одложена за следниот викенд.
Баерн на домашен терен го совлада Мајнц со резултат 3:0. Овој натпревар е во 31-та недела од германската фудбалска елита. Остануваат уште три круга до крајот.
Баерн овој викенд би можел да биде прогласен за шампион доколку Баер Леверкузен биде поразен од Аугсбург. Но Леверкузен победи со 2:0 и со тоа го одложи славјето за Баварците.
Доколку Баерн го победи Лајпциг во следното коло ќе слави титула.
Првиот гол го постигна Лерој Сане во 27. минута.
исто така
Баерн победи и го остави Волфсбург во зоната за плејоф
Мајкл Олисе погоди за 2:0 во 40. минута, додека Ерик Диер го постигна конечниот гол во 84. минута.
Баерн е лидер со 75 бода. Мајнц е на седмото место со 47 бодови.