Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ги освои вторите три бода во квалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во понеделникот вечерта во Зеница Босанците победија со 2:1 против Кипар.
Најзаслужен за тешката победа беше Харис Хајрадиновиќ. Во 22. минута му асистираше на Ермедин Демировиќ кој погоди за 1:0.
Кипарците израмнија во продолжението од првото полувреме. Режисер беше Јоанис Питас.
Стрелец на победничкиот гол беше 31-годишниот играч за врска Хајрадиновиќ во 56. минута.
Пред три дена Босна победи со 1:0 против Романија во Букурешт.
Сега водат во групата Х со шест бода. Кипар останува со три бода.