Арсенал убедливо победи со резултат од 3:0 во вторник вечерта против Славија Прага.
Овој натпревар беше во рамките на четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Букајо Сака го отвори резултатот во 32-та минута. Тој беше прецизен од пенал.
Микел Мерино ги постигна последните два гола за „топџиите“.
Шпанецот Мерино првично постигна гол во 46-тата минута за 2:0, додека третиот гол го постигна во 68-мата минута.
За Арсенал ова беше четврта последователна победа во Лигата на шампионите.
За Славија Прага ова беше втор пораз. Тие сè уште немаат победа, а имаат и два нерешени резултати.
Следниот натпревар на Арсенал во Лигата на шампионите е на 26 ноември против Баерн Минхен.
Славија Прага е домаќин на Атлетик Билбао еден ден претходно.