На церемонијата на ждрепката за Светското првенство во 2026 година, ФИФА му ја додели на американскиот претседател Доналд Трамп „ФИФА наградата за мир“.
Освен трофеј, на Трамп му беше доделен и медал, кој американскиот претседател веднаш му го стави на градите.
На доделувањето на наградата беше споменато дека Трамп спречил осум војни, вклучувајќи ја и онаа меѓу Косово и Србија.
„Тоа е навистина една од најголемите почести во мојот живот. Спасивме милиони животи - на пример, во Конго загинаа 10 милиони, а многу брзо се движеа кон уште 10 милиони. Исто така, со Индија и Пакистан, спречивме војните да се случат непосредно пред да започнат. Светот сега е побезбедно место“, рече Трамп откако ја прими наградата.