Фенербахче ремизираше во неделата во 33. коло од турската Суперлига и остана пет бода зад Галатасарај во трката за титулата.
По ремито 3:3 на домашен терен против Кајзериспор, Фенербахче сега има 72 бода на второто место.
Избраниците на Жозе Мурињо до крајот имаа предност од еден гол, но во четвртата минута од судиското продолжение примија гол за нерешени 3:3.
Рамазан Цивелек погоди за гостите во седмата минута, додека Андерсон Талиска израмни на 1:1 во 36. минута.
Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ си постигна автогол за 2:1 во корист на гостите на три минути од вториот дел.
Алан Сен Максимин во 64. минута и Талиска со уште еден гол во 79. минута го превртеа резултатот, но не го одржаа до крајот.
Во 94. минута Талха Сариарслан погоди за 3:3.
Кајзериспор е на 13. место со 37 бодови.
Остануваат уште шест кола до крајот на кампањата во Турција.