Пешаци кои ги почитуваат законите чекаат жената во зелено да ја шутне фудбалската топка пред да го преминат патот, за време на Европското првенство во фудбал за жени во Швајцарија.
Властите во градот Базел поставија 12 модифицирани семафори за пешаци на местата што најчесто ги посетуваат фудбалските навивачи, пишува АП.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеЕвропското првенство за жени се следи со голем интерес во Швајцарија.
Некои од овие семафори, на кои фигурата на фудбалер ја заменила фигурата на човек во зелено, се наоѓаат во близина на фудбалскиот стадион, а некои други во близина на железничката станица.
„Тие ќе останат до крајот на Европското првенство, можеби и подолго“, вели Никол Риф-Стокер, портпаролка на одделот за транспорт во Базел.
Таа посочи дека идејата и дизајнот биле обезбедени од одделот за градежништво во Сент Гален, додека светлата биле произведени од истата компанија што ги произведува семафорите во Базел.
„Сметавме дека идејата е фантастична и ни беше дозволено да ја примениме“, додаде Риф-Стокер.
Финалето исто така ќе се одржи во Базел, на 27 јули.