„Единствениот натпревар го одигравме лошо. На другите натпревари се претставивме добро, и против Украина и против Грузија. Денеска беше натпревар под нашето ниво. Стигнавме високо ниво и сега сите не сфаќаат сериозно. Ние сме добар тим и сите знаат дека играме за да победиме. Чесите од почетокот покажаа многу агресивност кон нас. Мора да бидеме мирни на теренот. Мора да играме мирно. Ако погодевме за 1:1, можевме да го добиеме натпреварот“, изјави Хисај.