Холандија е последната земја во која фудбалски натпревар е прекинат поради насилство од страна на навивачите.
Станува збор за натпреварот НАЦ Бреда – Херенвен, кој припаѓаше на 33-то коло од холандската елита. Во два наврати, на теренот беа фрлани пиротехнички средства. А судијата во двата случаи ги испрати играчите во соблекувалните. Но, по вториот прекин, судијата одлучи да не го продолжи натпреварот.
НАК Бреда испадна од холандската прва лига. Тимот водеше со 2-0 кога натпреварот беше прекинат во второто полувреме.