Капитенот на Балканот Едвин Куч по финалниот натпревар од Купот на Косово изјави дека од Балканот ќе си замине како освојувач на сите трофеи.
Куч зборуваше за целото време поминато на Балканот како и за својата иднина.
„Кога првпат дојдов, не само во Сухарека, туку и цело Косово многу ме поддржа. Се чувствував како дома. Првата година изгубив се, но сега заминувам освојувајќи се. Им благодарам на сите во Сухарека, им благодарам на семејството Кабаши, на семејството Максутај, на тренерите, на моите соиграчи, но дојде време да си заминам бидејќи се работи за егзистенција. Кариерата ќе ја продолжи во Азербејџан, во тимот на Нефтчи Баку“, изјави Куч за „ArtMotion“ по натпреварот.