KOHA.net

фудбал

Дортмунд има корист од Дембеле и по седум години

Ousmane Dembele

Борусија Дортмунд и по седум години продолжува да има корист од продажбата на Французинот Усман Дембеле. 

Во летото 2017 година Дембеле беше префрлен во Барселона за 135 милиони евра. 

Ова го прави Дембеле најскапиот фудбалер продаден од Бундеслигата. 

Според пишувањата на германскиот весник „Билд“, Дортмунд сега ја прифатил последната уплата од тимот од Каталонија. 

Вкупниот трансфер е направен за 148 милиони евра, со бонуси. 

Дембеле поради многуте повреди не го покажа целиот свој потенцијал во Барселона. 

И минатото лето Дембеле се пресели во Пари Сен Жермен. 

27-годишниот Французин беше префрлен кај Парижаните за 50 милиони евра.