Динамо Загреб би можел да го продаде крилниот напаѓач Арбер Хоџа доколку хрватскиот гигант добие прифатлива понуда.
Ова го објави во недела хрватскиот медиум „TPortal“.
Се очекува хрватскиот гигант да се раздели со неколку фудбалери ова лето, како што се Марко Булат, Дарио Спикиќ и Хуан Кардоба.
Неколку европски тимови изразија интерес за Хоџа. Од Англија, Хал Сити, кој се натпреварува во втората лига на англискиот фудбал, изрази интерес. Во меѓувреме Интерес има и од Турција како што се Кајзериспор, Трабзонспор и Ејупспор. Претходно, имаше информации дека и италијанскиот тим, Лече, бил заинтересиран за албанскиот репрезентативец.
26-годишниот Хоџа минатата година од Славен Белупо за еден милион евра беше трансфериран во Динамо. Хоџа со Динамо има освоено шампионска титула и Куп на Хрватска.
Тој има договор со Динамо до летото 2027 година.