Натпреварувачкиот комитет на шпанската федерација го суспендираше Џуд Белингам на два натпревари поради црвениот картон против Осасуна.
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид беше исклучен со директен црвен картон откако упати недолични зборови кон судијата Мунуера Монтеро.
Картата против Белингем наголемо се дискутираше во јавноста. Реал тврди дека 21-годишникот директно не го навредил судијата Монтеро.
Но, Комитетот за натпреварување рече дека е невозможно да се докаже дали Белингем директно не го навредил судијата.
Реал Мадрид ќе се жали на одлуката.
Лос Бланкос водеа со 0:1 против Осасуна, но домаќините израмнија во вториот дел – во моменти кога Реал играше со играч помалку.