OuСмане Дембеле постигна два гола за нова победа на ПСЖ во Лига 1 на Франција.
Во неделата вечерта Париз победи со 2:1 против Ст. Етјен, во рамките на 17. круг.
Дембеле погоди за 1:0 во 13. минута и за 2:0 десет минути подоцна. Вториот гол го постигна од пенал.
Зурико Давиташвили погоди за Ст. Етјенен во 64. минута.
На табелата води Париз со 43 бодови, седум повеќе од Марсеј. Св. Етјен го држи 16-тото место со 16 бодови.
Дембеле сега има 10 гола и четири асистенции на 16 првенствени натпревари.