KOHA.net

фудбал

Кукалон ја завршува кариерата на 19 години

Марк Кукалон

Марк Кукалон

Марк Кукалон е принуден да се збогува од фудбалот на 19 години поради повреда.

Младиот играч од средниот ред кој настапуваше за Реал Мадрид доживеа сериозна повреда на коленото на 6 септември 2022 година, поради што беше принуден да ги закачи копачките 796 дена подоцна.

„Не знаев како да го започнам ова писмо. Затоа ќе го направам тоа така што ќе им се заблагодарам на сите од се срце за сета поддршка што ми ја дадовте во ова време. Пристигнав во младинската академија на Реал Мадрид во летото 2016 година како дете со ранец полн со соништа и бев многу, многу среќен“, го започнува своето тажно писмо еден од големите таленти на „Ла Фабрика“.

„И вистината е дека мојот живот целосно се промени на 6 септември 2022 година кога се повредив на натпревар од Младинската лига“.

Долгото писмо го затвори со благодарност до своите пријатели.