Манчестер Сити потврди дека Бернардо Силва ќе си замине на лето.
Португалецот се приклучи на Сити во 2017 година и досега има 451 настап.
Деветгодишниот престој на 31-годишникот во Сити ќе заврши на лето.
„Кога пристигнав пред 9 години, го следев сонот на едно мало момче, сакав да успеам во животот, сакав да постигнам големи работи. Овој град и овој клуб ми дадоа многу повеќе од тоа, многу повеќе отколку што некогаш се надевав. Она што го освоивме и постигнавме заедно е наследство кое засекогаш ќе биде во моето срце“, напиша Силва на Инстаграм во четврток.
Тој има освоено 19 трофеи со Сити. Меѓу најважните трофеи се шест титули во Премиер лигата, една Лига на шампиони, два ФА купа, пет англиски Лига купа, еден Светски клупски куп и еден Европски Суперкуп.