По серијата од седум натпревари без победа во која Манчестер Сити загуби шест и едно реми, тимот на Пеп Гвардиола се врати на победничките патеки во средата навечер.
Сити во натпреварот од 14. коло на англиската фудбалска елита победи со 3:0 против Нотингем Форест.
Во првиот дел погодија Бернардо Силва и Кевин Де Брујн, додека во вториот дел единствениот гол беше Џереми Доку.
Сити заостана во трката за титулата. Моментално е на четвртото место со 26 бодови, додека Нотингем Форест има 22 бода.