Медиумот „Гардијан“ во петокот напиша дека Челзи побарал отштета од Евертон, за да го врати Армандо Броја во тимот.
Броја, кој неодамна заработи уште една повреда поради која ќе биде надвор од терените речиси три месеци, во август минатата година беше позајмен од Челзи во Евертон.
Одигра само шест натпревари, но не придонесе ниту со гол ниту со асистенција.
Тренерот на „сините“, Енцо Мареска, во петокот на прес-конференцијата зборуваше за враќањето на напаѓачот на Албанија, 23-годишниот Броја.
„Немам поим, искрено. Не сум разговарал со Мојс и не сум слушнал што рекол. Немам вести за Армандо Броја“, изјави Мареска.