Челзи ја прекина серијата од седум натпревари без победа во Премиер лигата, откако победи во претпоследното коло над Тотенхем.
Челзи го победи Тотенхем со 2-1 на домашен терен во вторник со головите на Енцо Фернандез во 17-та минута и Андреј Сантос во 66-та минута.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеРичарлисон го постигна единствениот гол за гостите во 73-тата минута.
На Тотенхем му беше потребен само еден бод за да го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.
Тие ќе бараат опстанок во последното коло против Евертон на домашен терен. Им треба само еден бод за да обезбедат опстанок.
Челзи ја завршува сезоната со гостување против Сандерленд на Гранит Џака.
Челзи е на осмото место со 52 бода, исто колку и Брентфорд, додека Тотенхем има два бода повеќе од 18-тиот Вест Хем.
Последните три места не обезбедуваат опстанок во Премиер лигата.
Барнли и Вулверхемптон веќе испаднаа од англиската фудбалска елита.