Челзи ја постигна втората победа од четири натпревари на почетокот на сезоната во Премиер лигата.
Избраниците на Енцо Мареска на гостински терен го победија Бурнмаут со 1:0.
Стрелец на победничкиот гол беше Кристофер Нкунку во 86. минута по асистенција на дебитантот Џејдон Санчо.
Претходно во 38. минута Роберт Санчез од Челзи му го одбрани пеналот на Еванилсон.
По четири одиграни натпревари, Челзи има седум бодови на табелата.
Борнмаут останува на пет бода.