Доколку решат да не го ангажираат англискиот напаѓач Џејдон Санчо, Челзи ќе мора да му плати на Манчестер Јунајтед 5 милиони евра.
Санчо минатото лето дојде во Челзи на позајмица до крајот на оваа сезона. Тој беше позајмен од Јунајтед.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеВо потпишаниот договор има клаузула за задолжително купување на картонот на Санчо за 25 милиони евра.
Би-Би-Си во понеделникот објави дека сепак постои клаузула која ќе му овозможи на Челзи да го врати Санчо на Олд Трафорд, под услов да му плати на Јунајтед 5 милиони евра обештетување.
Се дознава дека раководството на Челзи се уште нема одлучено дали ќе го купи картонот на Санчо.
24-годишниот фудбалер има договор со Јунајтед до 2026 година.
Крилниот напаѓач Санчо оваа сезона придонесе со два гола и шест асистенции на 29 натпревари.