Напаѓачот Мергим Бериша се врати во Аугсбург како позајмен од Хофенхајм.
Договорот на германските клубови е со важност до крајот на сезоната. Клубовите не ги откриваат деталите.
Во сезоната 2022/23, Бериша му се приклучи на Аугсбург на позајмица од Фенербахче. Со девет гола и четири асистенции стана најдобар стрелец во својата дебитантска сезона.
По завршувањето на таа сезона Аугсбург го искористи целосното трансфер право, но Бериша веднаш беше префрлен во Хофенхајм.
„Сакав да се вратам затоа што најубаво поминав овде. Се чувствував многу удобно, постигнав многу голови и многу се развив. Благодарен сум што ми се укажа можност да се вратам. Сакам повторно да играм редовно и ќе дадам се од себе за да ја оддолжам довербата што ми е укажана“, изјави Бериша за клупската веб-страница.
26-годишниот напаѓач во Аугсбург ќе го носи дресот со број 37.
На 11 настапи во Бундеслигата оваа сезона со Хофенхајм има постигнато еден гол.
Во 2023 година забележа и два настапи за германската репрезентација.