Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, успешно ја претрпе операцијата на рамото, објави клубот во среда.
Белингам игра со оваа повреда од 2023 година.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеНо, тој одлучи да игра на Светското клупско првенство со Мадрид, пред почетокот на новата сезона.
Реал Мадрид беше елиминиран во полуфиналето од Пари Сен Жермен, кој победи со 4-0, но во финалето беше поразен од Челзи со 3-0.
„Белингам ќе помине низ период на рехабилитација, а потоа ќе започне со тренинзи“, објави Реал Мадрид, без да наведе точен датум за негово целосно враќање.
Шпанските медиуми објавија дека тој би можел да отсуствува три месеци, а се очекува да се врати во октомври.
Реал Мадрид ја започнува својата сезона во Ла Лига на 19 август со домашен натпревар против Осасуна.