Баерн Минхен не успеа да ги освои сите бодови на натпреварот кој се одигра во 26-та недела од германската Бундес лига.
Баерн ремизираше 1-1 со Унион Берлин во саботата попладне.
Гостите први поведоа со голот на Лерој Сане во 75. минута.
Радоста на гостите не траеше долго бидејќи девет минути подоцна домашните израмнија.
Бенедикт Холербах погоди за 1:1.
Баерн и покрај ремито останува лидер со 62 бода.
Баер Леверкузен е на второто место со 53 бодови, но со еден одигран натпревар помалку.
Унион Берлин е на 13. место со 27 бодови. Се бори за опстанок во лигата.