Баерн го префрли талентот Бајунг Дарбое од ФК Лос Анџелес.
18-годишниот играч за врска важи за голем талент во САД, додека во Баерн првично ќе игра во вториот тим, во регионалната лига.
Тој има потпишано долгогодишен договор. Баерн за неговиот трансфер плати 1,5 милиони евра.
„Го познаваме Бајунг некое време и веќе го имавме на тестирање во Минхен“, изјави Јохен Зауер, директорот за развој на младите во Баерн.