Екипата на Барселона ја потврди тешката повреда на германскиот голман, Марк-Андре тер Штеген.
Тер Штеген тешко се повреди на неделниот натпревар помеѓу Барселона и Виљареал. Тој беше принуден да биде заменет во финишот на првото полувреме од Инаки Пена. Според соопштението на Барса, Тер Штеген го повредил коленото. На 32-годишниот фудбалер ќе му биде извршена операција и потоа ќе се утврди колку долго ќе ја пропушти Барса.
Но, според пишувањата на шпанските медиуми, германскиот репрезентативец ќе ја пропушти целата сезона 2024/2025.
Тер Штеген беше стартер на седумте одиграни натпревари оваа сезона. Тоа е една од силните страни на Барселона.